Попис во април 2021-ва


Пописот на населението кој беше планирано да се одржи на пролет, се одложува за април 2021 година, дознава ТВ „Телма“.

Зоран Директорот на Државниот завод за статистика Апостол  Симовски денеска имал средба  со премиерот Заев и се договориле дека нема простор Пописот да се одложи за идната есен, по изборите, бидејќи сепак 2020-та е изборна година, јаува „Телма“.

Статистика до крајот на неделава ќе  достави предлог до Министерството за правда со кој бара одложување на оваа операција за 2021-та година.

Пописот првично беше закажан за терминот од 1 до 30 април 2020 та година, но поради парламентарните закажани на 12 април, оценето е дека не може да се изведе.

Попис најдоцна до 2021 година денеска побара и евроамбасадорот Жбогар.

SHARE