Попладнево и во текот на ноќта, се очекува зголемување на облчачноста, пред се во северните делови, а на места се очекува пороен дожд со грмежи.

Се очекува град и силен ветер, а дожд ќе има и во ноќните часови. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната од 32 до 40 степени. УВ ќе биде 9, соопшти УХМР.

Во Скопје, од пладне се очекува зголемена облачност и појава на повремено пороен дожд, грмежи засилен ветер и услови за град. Минималната температура ќе биде 21, а максималната ќе достигне до 38 степени.

SHARE