„Никогаш Македонците ниту присвојувале туѓи територии, ниту туѓа историја. Боло обратно, зашто нашите соседи пред нас формирале свои држави и обезбедиле моќни сојузници.

Сеуште има живи сведоци за македопнските голготи и неприфатливо е некогашните завојувачи да ни држат придики“,- реагира пратеничка од редовите на ДОМ, Лилјана Поповска за изјавата на премиерот Заев за грчка ТВ „Алфа“ според која Македонците присвојувале ууѓа историја.

„Напротив, во духот на европските вредности за меѓусебно почитување и толеранција, треба да ја прифатат историјата каква што била и да им се извинат на Македонците за сето зло и болките што им ги нанела“, пишува Поповска на Фејсбук.

SHARE