Поповски: Македонија беше надмудрена од Унгарија во шпионската битка

Македонските безбедносни служби беа надмудрени од страна на нивните унгарски колеги во случајот “Бегството на Груевски”, смета новинарот Љупчо Поповски кој учествуваше во дебатна емисија “Отворено” на 24 Вести.

Според Поповски власта знае дека се случил дебакл во бегството на Груевски кого го бараа во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и затоа цела недела премиерот Заев и другите во владата се кријат од јавноста. Бегството е добра причина за целосна реформа на безбедносните служби каде не биле направени доволно промени смета Поповски.

Новинарот сепак смета дека МВР не е единствената адреса која е виновна за бегството.

Поповски прстот го вперува и кон Военото разузнавање која според него има ингеренции за границите а покрај МВР и Владата ја обвинува и Агенцијата за разузнавање која што смета дека требало да информира дека Груевски влегол во Албанија и во другите земји низ кои минал Груевски.

SHARE

1 Коментар

  1. Не беше Македонија надмудрена, туку тој беше пуштен да избега, но никој не направи сметка во која ке има заклучок дека со ова глупост Унгарија ке стане пречка за ЕУ и НАТО интеграциите. Сега се решивме од Грујо, а Унгарија ке не блокира. Какви глупости прават.

Comments are closed.