Поповски: Жбогар, засрамете се! Јазикот на Конески има име – македонски!

Г-дине Жбогаааар…. “јазикот на Конески” има име и е македонски. Како Словенец засрамете се. Ако мислите со вакви финти да се провлекувате до референдумот а во негова корист – грешите. Ги стимулирате неговите опоненти.

Евроамбасадорот во Македонија Самуел Жбогар денеска, на почетокот на кампањата за серијата дијалози со граѓаните „Замисли иднина заедно!“, што во следните неколку седмици ќе се спроведува во повеќе градови во земјава, „заборави“ како се нарекува јазикот во земјата во која е на служба.

„Нашата цел е да слушаме и да ги разбереме вашите грижи во врска со процесот на ЕУ. Сакаме да ги споделиме придобивките од тоа да се биде земја-членка, да се биде еднаков дел на поширокото семејство, а со тоа јазикот на Блаже Коневски, Матеја Матевски и Лидија Димковска, да стане официјален јазик на Европската унија преведен како никогаш порано.

На Фејсбук, реагираше само поранешниот пратеник и министер, денес професор, Никола Поповски, по кој, пак, имаше интерсни „одбранбени реакции“.

EU’s Zbogar married to a Kosovo broad, wants Macedonian language law implemented quickly