Поради „хистеријата“ во јавноста синот на Мисовски даде отказ

Синот на пратеникот Мисовски, Кристијан на Фејсбук соопшти дека поради реакциите во јавноста околу спорните вработувања на роднини на функционери и ратеници решил да поднесе оставка, како што вели, од морални причини.

Тој вчера дал отказ во Агенцијата за супервизија на осигурување и вели дека неговиот татко кој е потпретседател на Собранието не влијаел при неговото вработување.

„Иако знам дека нема ништо спорно во врска со моето вработување во смисла на прекршување на каква било процедура за вработување, сепак чувствувајќи морална одговорност и под голем притисок на јавноста одлучив да поднесам отказ на работното место.

Се надевам дека сега барем дел од јавноста ќе може малку да здивне и да почувствува барем мало задоволство бидејќи успеа преку притисок и хистерија да натера некој човек во државава да повлече потег штетен за себе покажувајќи интегритет и дигнитет.“, напиша Кристијан Мисовски.

SHARE

2 Коментари

  1. Ne se ljutite .ovo je dete sos apecijalne pottwbe .nije sos sfite.kao njefovi kod kukje.imaju shiroko dupe. Za evri i ku..vi

  2. Како не бе. Да се вработеше во Кам ,во Тинекс или во Веро камо продавач ќе ти верувавме, вака цц.

Comments are closed.