Конфекцијата „Мода“ од Свети Николе привремено ќе престане со работа, а сите 830 работнички ќе бидат тестирани коронавирус.

Нови 29 случаи на ковид–19 биле регистрирани денеска во градот, од кои 19 се текстилни работнички од „Мода“.

Одлуката, менаџментот ја донел по зголемувањето на бројот на заболените од коронавирусот во Свети Николе и по препораките од Министерството за здравство и на Општинскиот кризниот штаб.

Вкупната бројка на заболени од ковид-19 во Свети Николе е 79 лица.

Според податоците на Министерството за здравство, бројот на активни случаи е 51.

SHARE