Од опасните интернет игри „Момо“ и „Синиот Кит“ повредени се и основци во Македонија.

Четворица ученици од ОУ „Коле Канински“ од Битола се самоповредиле со сечење вени – дознава Телевизија 24. 

Директорот на ОУ „Коле Канински“ од Битола, Зоран Мирчевски телевизија 24 го потврдил случајот. Вели, се се случило надвор од училиштето и за се се информирани и МВР и родителите. А при вонредна проверка со полицијата откриен е и еден нож кај основец во тоа училиште.

Од контроверзните онлајн игри „Синиот кит” неколку стотици деца во светот извршија самоубиство. Поновата  игра – „Момо“, се распространува преку апликацијата „Ватсап“. Наменета е за најмладите корисници, а последица може да биде и самоубиство.

SHARE