Во Клинички центар нема да биде дозволено паркирање и влез на приватни возила, д денеска во 18.00 часот до утре во 18.00 часот.

Влез ќе биде дозволен само за возила на Итната медицинска помош, соопштија денеска од Министерството за здравство, а во врска со посетата на папата Франциско.

Од Министерството апелираат до граѓаните кои доколку утре  имаат потреба од медицинска помош, да се упатат во Воена болница и во Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“, кои ќе работат со полн капацитет.

Од таму уверуваат дека сите граѓаните ќе ги добијат неопходните здравствени услуги, јавува Фокус.

SHARE

Оставете коментар