Порака до ДУИ, АА, Алтернатива, БЕСА, ДПА: Гласот за СДСМ е глас за Мијалков…

Според екс амбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколк поддршката на партиите предводени од Ахмети, Села, Гаши, Касами, Тачи за влада на Заев и СДСМ ќе значи поддршка за Сашо Мијалков и други добро познати лица.

Во неговата “Куса и јасна порака до албанските партии” Зеколи порачува:

“Гласот за СДСМ е глас за спас на Мијалков, Груевски, Камчев, Муковски, Димитров, Бошковски. Толку, нема тука длабока филозофија”.

Запрашан дали СДСМ беше добар кога, заради исполнување на стратешките интереси на Македонија (НАТО и ЕУ), го понижи македонското национално достоинство и кога албанските партии ќе бидат спремни да направат нешто слично за Македонија, Зеколи вели дека нема причина албанските партии да
го понижат македонското национално достоинство како што тоа го направиле Заев и СДСМ.

SHARE