Поранешни Ју-акцијаши ја обновуваат традицијата

Кога беа млади ги градеа железничката пруга „Брчко – Бановиќи“ и автопатот „Братство – Единство“ во тогашната држава Југославија.

Во Велес викендов дојдоа акцијаши – ветерани од Триглав до Вардар. Имаше и млади следбеници од Охрид, од Скопје, од Нови Пазар и од Куманово. Сите присуствуваа на формирањето на велешката Волонтерска  младинска бригада „Кочо Рацин“.

На средбата во Велес, организирана од ЗГ „Акцијаш – ветерани“ учествуваа 75 поранешни бригадири од Словенија, од Србија и од Босна и Херцеговина како и  45 ветерани  и 70 млади од повеќе градови на Северна Македонија…

Извор: ММЦ

SHARE