Поранешниот претседател на Државната агенција за Бугарите во странство, Петар Харалампиев, како и уште три лица одат на суд за трговија со влијанија, мито и престапи со документи.

Организираната група им издавала уверенија за бугарско потекло на Македонци, Украинци и Молдавци за паричен надомест, пренесе БГНЕС.

Харалампиев беше уапсен на крајот на октомври во 2018 година оо истрагата за корупциска шема за нелегално издавање сертификат за бугарско државјанство.

SHARE