Поранешните македонски амбасадори бараат судска разврска за „Рекет“

Поранешните амбасадори му даваат поддршка претседателот на државата Стево Пендаровски и на ставовите изразени на вчерашната прес-конференција во врска со случајот „Рекет“.

Поранешните дипломати, се вели во денешното соопштение од Советот на амбасадори, во кое се истакнува дека со големо внимание и загриженост ги следат расположивите информации поврзани со случајот „Рекет“, во кој, како што забележуваат, покрај деловни и естрадни и новинарски личности се наводно инволвирани и членови на СЈО, правосудните власти и познати имиња на функционери од разни државни институции, но партиски членови на разни позиции.

„Недвосмислено Претседателот државнички застана зад принципите на правната држава и интересите на граѓаните, како и кредибилитетот на нашата држава со насочено внимание кон евроатланската агенда на Македонија.

Амбасадорите потсетуваат дека по три децении, на прагот сме да ги оствариме нашите декларирани стратешки надворешно-политички заложби – членство во НАТО и добивање датум за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ, а уште поважно е и враќањето на довербата на граѓаните дека градиме демократска држава по европските стандарди.

Но, тие се загрижени дека се можни натамошни непредвидени пречки во остварување на тие цели, и дека треба да се елиминираат сите можни пречки на тој пат.

„Правилната и вистинската судска разврска ќе биде гаранат дека сме правна држава во која владеењето на правото се применува врз секој граѓанин на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од Извршниот одбор на Советот на амбасадори.

Извор:МИА