Поразителна мапа за Ковид19 што не ја гледаат Филипче и Заев (ФОТО)

ИТ инжинерот и програмер Стеван Трајкоски кој со денови креира статистика за вистинската слика на заболени од Ковид19 во споредба со земјите од регионот денеска дава нов аспект на состојбата во земјава.

Според неговиот слајд деновиве Македонија има многу лош сооднос меѓу починатите и заболените, што во светот е еден од главните параметри за оценување на успешноста на битката против вирусот.

Според Трајкоски намалувањето на процентот на мапата што ја приложува значи дека Македонија се оддалечува од крајот на пандемијата.

“Еден од начините за визуелизација на степенот на решавање на проблемот со короната е следење на процентот на затворени случаи, како процент од вкупниот број на заболени, во интервал од 5 дена. Колку е бројот поблиску до 100%, толку сме поблиску до крајот на епидемијата, пишува Трајкоски кој го вкрстува бројот на затворени случаи и вкупниот број од оздравени плус починати.

“На пример, на 24 април сме ја имале следната ситуација:
– Вкупно заболени: 1.328
– Вкупно затворени случаи: 395 (337 оздравени + 58 починати)
– Процент: 30% (395 / 1.328 * 100)

Денеска, ја имаме следната ситуација:
– Вкупно заболени: 1.983
– Вкупно затворени случаи: 1.528 (1.414 оздравени + 114 починати)
– Процент: 77% (1.528 / 1.983 * 100)”, објаснува Трајкоски.

Министерот за здравство под притисок од неговата партија и лидерот на СДСМ Зоран Заев последниве десетина денови упорно ја убедуваат јавноста дека ја имаат под контрола кризата со коронавирусот со цел да издејствуваат избори на средината на јуни.