Поразот на СДСМ со „Макпетрол“ спои леви, центар и десни, зелени и црвени, страда и Телма

Законот со кој владата на Заев сака преку пратениците во Собранието да му плати 33 милиони евра на енергетскиот гигант Макпетрол ја доведе оваа компанија во најтешка ситуација по август 2019 година кога на нејзините продажни места се појави карта на која Македонија беше заведена како Северна.

Она што сега е најголем проблем за власта на СДСМ е тоа што во осудата на спорниот закон на иста линија со ВМРО-ДПМНЕ која ја започна акцијата се и сите опозициски партии, непарламентарни партии но и актери во јавноста кои никогаш немале ист став со партијата на Христијан Мицкоски.

Во обидот на Заев и СДСМ да го протнат законот по секоја цена, настрада и имиџот на телевизијата Телма која е сопственост на Макпетрол, фирмата која треба да добие 33 милиони евра, за 14,2 милиони повеќе од утврденото.

На социјалните мрежи веќе се повикува на бојкот и на телевизијата но и на бензинските пумпи на Макпетрол чиј главен бизнис е продажба на бензин и нафтени деривати.

Како одговор на критиките кон Телма повеќе луѓе на социјалните мрежи пред се на Твитер се жалат дека биле блокирани од менаџментот на профилот на Телма поради упатените критики.

Дел од реакциите на јавноста на Твитер кон Макпетрол и Телма.

SHARE