Судијката-поротничка во случајот „ТНТ“, Лидија Ивановска-Кочкоска, на која ѝ истече мандатот на 24 декември, поднела неотповиклива оставка од позицијата поради истек на мандатот, но таа не била прифатена, соопшти адвокатот Јовица Страшевски, бранител на ексградоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски.

Ивановска-Кочкоска во оставката го информирала претседателот на Основниот кривичен суд Иван Џолев дека повеќе не сака да присуствува на кое било рочиште, пишува „Република“.

Но, иако оставката и официјално ја доставила во архивата на Основниот кривичен суд Скопје, по налог на претседателот на судот истата не била прифатена.

„Итно го повикувам  Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да постапат по оваа информација и на целокупната македонска јавност и ја соопштат вистината околу случувањата во Основниот Кривичен суд поврзани со овој настан. Ја користам оваа прилика  и ја охрабрувам поранешната судија – поротник Лидија Ивановска Кочковска која со поднесување на неотповикливата оставка испрати моќна порака,да продолжи да работи по законите во Македонија, да го почитува и применува владеењето на правото, да не потпаѓа под никакви притисоци закани уцени“,ветувања, пишува во писмото Страшевски, пренесува „Република“

SHARE