Судскиот случај „Еразмус“ за земање мито за полагање испити, во кој се обвинети поранешниот декан на Економскиот факултет, Бобек Шуклев, неколкумина професори и демонстратор ќе почне на почеток.

Причина за тоа е промена заминување на поротник на работа во Германија.

Пресудата требаше да биде сооопштена на почетокот на февруари. Но наместо тоа, претседателот на овој судечки совет, Владимир Туфегџиќ соопшти дека ќе го извести претседателот на судот за да се назначи нов судија поротник.

„За седум дена судот не би може да ги анализира завршните зборови кои на денешното рочиште требаше да ги дадат обвинителството и одбраната и да донесе пресуда која требаше да биде соопштена на 3 февруари“, вели судијата Туфекџиќ.

SHARE