Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ упадна на дебата, не откри кој лаже во Владата (ВИДЕО)

Портпаролот на опозицијата Наум Стоилковски денеска непоканет се појавил на настан на кој учествувале министри и поставил незгодни прашања на кои претставник на Владата немал одговор односно дал одговор кој се разликува од други членови на Владата.

Министерот за транспарентност и отчетност Роберт Поповски го негирал советникот за медиуми на премиерот Марјан Забрчанец кој пред една недела рече дека владата имала стратегија за Лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ.

“Роберт Поповски, министерот за вистина, денеска на јавна дебата ми одговори дека немале посебна стратегија за борба со лажните вести од СДСМ. Чудно, бидејќи советникот на Заев, Марјан Забрчанец во ТВ дебата, а ставот е дециден и јасен:

„Ние ќе воведеме медиумска писменост во образованието, работиме со МИМ и со сите граѓански здруженија со цел да изработиме стратегија за медиумска писменост во земјава за да населението може да ги препознава лажните вести од партискиот штаб на ВМРО- ДПМНЕ бидејќи клучно ни е да имаме свесно население кое што знае точна од погрешна информација“- Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност на претседателот на Владата, емисија КликПлус 31.10.2019г.

Поповски, кого го насловуваат со „Негова Екселенција“ (НЕ г. Роберт Поповски), дури и не знае дали е ова лажна вест, бидејќи не можел да зборува за ставовите на Забрчанец. Чудно за човек кој што заедно со Забрчанец ги предводат разузнавачите и претставниците од власта во Телото за борба со лажните вести.

Можеби затоа што изјавата не доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ и не во опфатот на нивната стратегија?”, објави Стоилковски кој објавува и видео на кое се слуша дека Забрчанец навистина зборува за акција на владата против лажни вести продуцирани од ВМРО-ДПМНЕ.

Изјавата на Забрчанец е на следниот линк

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10157437223560499&id=542940498

SHARE