Портпаролите во акција – Костадинов тврди чист е, Стоилкоски вели: Бродот ти тоне Костадине

Откако на медиумите и на социјалните мрежи беше објавено дека портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов бил член на организацијата на Боки 13 тој со реакција дека се работи за хуманитарен настан на кој учествувале и други јавни личности.

Костадинов во долгата изјава не го објаснува колажот од низа негови фотографии на кои на разни локации е сликан со Боки 13 кој сега се гони за криминал.

“Денес, во моменти кога како држава покажуваме и докажуваме дека никој не може ниту смее да си дозволи да биде над Уставот, законите и институциите, машинеријата на лажни вести на ВМРО изгледа е пуштена на најјако.

Господа, можете да го споменувате моето име во најразлични контексти и сценарија, и тоа е ваше право.

Јас сум чист и пред себе и пред граѓаните.
Криминалците од ВМРО ДПМНЕ и нивните курири кои шират лажни вести ги болат пет работи:

1. Правдата која вие ја уништивте конечно се враќа. Има институции и систем кој се бори против криминал и корупција.

2. Одговорност очигледно за секој ќе има што го прекршил законот. Нема да ви успее да го одбраните криминалот на Груевски!

3. Вашите деструкции и блокади не поминуваат, земјава ќе успее.

4. Хидро Мицко има уплав што го разобличувам на секоја прес конференција.

5. Се знае дека вистинскиот претседател на ВМРО ДПМНЕ е Никола Груевски.

Да ставиме крај на корупцијата и криминалот.
Ве уверувам дека ние, СДСМ во следните денови ќе ви ги дадеме вистинските одговори.

Во интерес на случајот да ги оставиме органите да работат и да не шириме шпекулации.

П.С. Тоа што пред 3 години заедно со други видни личности, меѓу кои, нашата кошаркарска легенда Владо Илиевски и тогашниот британски амбасадор господинот Чарлс Гарет, сум учествувал, како почесен член, во хуманитарни активности, очигледно немате капацитет да го разберете бидејќи вие секогаш сте гледале само на вашите лични интереси наместо како да им помогнете на нашите сограѓани”, напиша Костадинов.

На постот на портпаролот на СДСМ реагираше неговиот колега од ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Го читам потрчкото на Капиталецот со реден број 33 нешто пишувал за правна држава.
Па, повлекува црта, вели тој бил Чист.
Добро Костадине, твоја приватна работа е тоа. Ако си чист, немаш гајле. И немаш потреба да се докажуваш.

Се согласувам дека во иднина ќе има одговорност за секое прекршување закон, па ме интересира зошто тогаш покажуваш толкава несигурност за да се јавуваш на прозивки од “лажни вести” како велиш?

Ги имаше и претходно, ама ти немаше гајле!
Да не “лежи зајакот” во тоа што во аферата Катица+13 паднаа ликови кои барале пари за продукција на лажни вести за поддршка на Капиталецот?

Па ме интересира како тоа се борите против криминалот и корупцијата кога таа е токму во врвот на власта? Кај дечките со кои заедно вдишува(в)те власт?

За деструкции те молам прости друг пат ќе ти пишам; За деструкциите на тој што Додека дише, ќе лаже за 500 евра, 600 км, ти истопорен, а тој фатен за ф’станот на Катица?
Единствено што разобличуваш, Костадине, е дека си потрчко кој што прави како што ќе му кажат.

Бродот ти тоне Костадине, а единствено ти сам го дуваш дупнатиот чамец за спасување на Капиталецот.

Органите кои ги споменуваш за некаква верба не работат Костадине; Органите се во клиничка смрт, ги убивте заедно со Капиталецот.
Ајде, ќе потрчкате уште малку додека се осмелите за избори.

А тогаш? Е, само тогаш ќе биде повлечена јасна линија кој е чист и пред Законот и пред Народот!”, му пишува Стоилковски на Костадинов.

SHARE