Портпаролот на МВР полесно повреден во сообраќајка

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски бил полесно повреден како сопатник во сообраќајка која се случила на вчера околу 04:00 часот утрината.

На крстосницата со булевар „Србија“, булевар „Јане Сандански“ и булевар „В.С.-Бато“ М.И. (34) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола над возилото и излетала од коловозот.

Возачот и сопатникот Т.А. (42) од Скопје биле пренесени во Ургентен центар-Скопје.

На М.И. ѝ се констатирани тешки телесни повреди, додека кај Т.А. се констатирани телесни повреди.

SHARE