Портпаролот на СДСМ е член на организацијата на Боки 13

Портпаролот на СДСМ и пратеник во собранието, Костaдин Костадинов е во правна поврзаност со Бојан Јовановски (Боки 13), кој заедно со Катица Јанева и Зоки Кичеец е дел од обвинителско-медиумската група која изнудувала рекет од бизнисмени.

Ова го објавува порталот lider.com.mk од каде тврдат дека Костадинов е член на невладината организација која ја раководи газдата на 1ТВ Бојан Јовановски познат како Боки 13.

“Се чувствувам исклучително среќен и горд поради одлуката на Меѓународниот сојуз – Скопје, да бидам прогласен за негов почесен член, а особено сум горд што како општина Струмица имајќи го во предвид нашиот слоган „Секогаш први“ си застанавме и цврсто стоиме на зборот, токму јас прв во оваа држава како градоначалник на општина Струмица, да бидам почесен член на овој Меѓународен сојуз, ви благодарам Боки”, изјавил Костадинов при приемот во организацијата на Јовановски.

Повеќе детали на овој линк

SHARE