Последен поздрав до „курирот на Гоце“: Само една улога не му одеше од рака (ВИДЕО)

Меѓу многуте последни поздрави до легендарниот македонски актер и продуцент Данчо Чевревски најмногу емоции будат зборовите на неговата колешка, актерка и професорка на Факултетот за драмски уметности Валентина Божиновска.

“Сношти замина курирот на Гоце Делчев.
Замина нашиот Данчо Чевревски.
Колку и да сакаше да изгледа строг и авторитетен, во него се криеше едно големо нескротливо дете, со широко отворени, сини очи. Беше сјаен актер, одличен професор, прекрасен менаџер во деканувањето на Факултетот за Драмски Уметности – Скопје.

Направи многу за Македонскиот филм и важеше за голем актер и во поранешните Југословенски простори.

Додека беше декан на Ф.Д.У. Студентите ја имаа најголемата привилегија – деканот им беше најдобар другар.

Само една улога не му одеше од рака – како да се налути…

Оти Данчо Чевревски не знаеше да се налути, од него крикнуваше заразната насмевка на Амадеус.

Ќе ни недостигаш премногу Дане.
Почивај во мир”, напиша Божиновска во потресната порака до колегата.

Една од највпечатливите улоги на Чевревски беше во серијата во која во далечната 1978 година го играше Димко Скабрин, курирот на Гоце Делчев.

https://www.facebook.com/MakedonijaVoSrceto/videos/1677514952507145/

SHARE