Последен поздрав на Тони Михајловски до најважниот режисер во кариерата

“Златко Славенски. За мене најбитниот режисер во Македонија, и мојот актерски живот. Единствениот режисер кој ме ангажираше во 16те години незапосленост.

Единствениот кој имаше храброст да се спротивстави на директорите во намерата да ме ампутираат од театарот. “Будење на пролетта”, “Пер Гинт”, “Папокот на светот”. Не ја завршивме мојата магистерска во која требаше да ми биде ментор.

Почивај во мир другар мој. Нека ти е мирен и светол патот”, напиша актерот за својот омилен режисер.

Почина режисерот Златко Славенски

SHARE

Оставете Коментар