Последна бројка за денеска: 76 новозаразени, 52 во Скопје

По неколкуте неофицијални бројки за нови случаи на коронавирус кои почнаа со „околу 50“ па „над 60“ и изјавата на министерот Филипче кој на попладневниот прес рече дека бројот на новозаразени е 67,- Министерството за здравство доцна попладнево соопшти дека во последните 24 часа регистрирани се 76 нови случаи на ковид-19.

Од нив 52 во Скопје, 14 во Тетово, во Куманово, Велес и Гостивар по 2, по еден во Штип, Кочани, Пробиштип и Кратово.

SHARE