Претседателот на парламентарната Комисија за европски прашања и поранешен шеф на бугарската дипломатија, Кристијан Вигенин, смета дека одбивањето на Бојко Борсов да се сретне со македонскиот перетседател Ѓорѓе Иванов е мешање во внатрешните работи на Република Македонија.

„Чинам дека тоа е една прилично директна интервенција во еден внатрешен спор во Република Македонија. Од моја гледна точка, премиерот требаше да му објасни на претседателот дека ситуацијата во Република Македонија бара повеќе разум, мудрост, посилен ангажман за изнаоање решение…“

Тој рече дека би сакал да ги слушне позициите на Борисов во врска со откажувањето на средбата со Иванов.

Вигенин рече дека не се сеќава на сличен случај, “барем не во нашата понова историја. Можеби се случило да нема таков прием или средба само ако тоа не е предвидено однапред во програмата“, вели Вигенин за БТА.

SHARE

Comments are closed.