Потези на денот: Шраубата на Стоилов и бравурата на Митревски (ВИДЕО)

Македонските ракометни репрезентативци Стојанче Стоилов и Никола Митревски со своите настапи и потези го обележаа денот во Лигата на шампионите.

Капитенот на Вардар, Стоилов, со осум гола од 10 обиди беше играч на натпреварот во триумфот над Флензбург од 31:26, а долго ќе се прераскажува неговата шрауба од речиси седечка положба:

Голманот Митревски, пак, не само што беше прогласен за играч на мечот на неделата, во кој неговиот Порто го победи ПИК Сегед со 25:19, а тој забележа 15 одбрани (46,9 проценти одбранети удари) и една асистенција, туку со една од своите интервенции го „збудале“ и коментаторот на ЕХФ:

SHARE