Потпишан договорот за името Северна Македонија

„Дозволете ми да парафразирам две мисли од Аристоте. Нема да можеш да постигнеш ништо без храброст и надежта е буден сон. Овие две мисли говорат дека кога има надеж и храброст можеш да поместиш планини. Со потпишувањето на овој договор навистина поместивме планини. Кога многумина се сомневаа, потврдивме дека е возможно. Ставаме крај на еден спор. Прашањето беше отворено три децении. Затоа јас и Ципрас и министрите за надворешни работи заедно со нашите претставници, тргнавме во потрага по решение и стигнавме до решение”, рече Заев во своето обраќање пред потпишување на договорот со Грција, пренесе МКД.мк.

Три децении решаваме спор, но за мене е важно дека овие три децении не научија на нешто многу важно, изјави денеска македонскиот премиер Зоран Заев на потпишувањето на договорот, со кој новото име на земјава ќе биде република Северна Македонија.

Договоротго потпишаа министрите за надворешни Никола Димитров и Никос Коѕијас.

SHARE

Comments are closed.