Потврдено: Бугарија ја блокира Македонија во ЕУ

Информациите од Софија според кои Македонија нема да може да почне преговори со ЕУ пред да ги прифати сите бугарски барања (види линк подолу) ги потврдува и дописникот на Euronews од Албанија Ернест Бунгури кој открива дека Бугарија бара специјално поглавје во кое ќе се гарантира договорот за пријателство.

Бунгури вели дека ова поглавје треба да биде дел од преговарачката рамка со ЕУ иако предходно извори во Софија не прецизираа дали се работи за документ кој мора да биде во документот на ЕУ или може да биде потпишан билатерално меѓу двете земји.

“Макеоднија е блокирана затоа што само Бугарија бара специјално поглавје – гаранција на Договорот за пријателство, а сите други се против. Албанија има 6 предуслови кои што треба да ги исполни во наредниве месеци. Во секој случај германското претседателство со ЕУ не може да ги исполни своите цели до октомври”, пишува дописникот на Euronews.

Што Бугарија бара бара да се гарантира со посебното поглавје за Макеоднија:

Вонредна вест: Бугарија почна со блокадата на македонските преговори со ЕУ

SHARE