Поубавиот дел од семејството Заеви на базар и чист воздух во Германија

Сопругата и ќерката на премиерот Зоран Заев, Зорица и Александра деновиве се во Германија каде уживаат во предновогодишната атмосфера на еден од традиционалните базари кои се одржуваат во чест на божиќните празници.

Ќерката на премиерот, Александра Заева на социјалните мрежи објави фотографии на кои се гледа дека со својата мајка се дел од божиќен панаѓур во Франкфурт.

Поубавата половина од семејството на премиерот се меѓу оние среќници кои што можат да си дозволат и во услови на енормно загадување на воздухот во Македонија заминале на некоја светска или балканска дестинација каде што можат да уживаат и да дишат чист воздух.

За останатите останува интернетот и надежта дека ќе дувне ветар и ќе донесе кислород.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар