Повеќе ливчиња отколку гласачи на избирачко место во Ѓорче Петров

Државната изборна комисија го поништи гласањето на избирачкото место 2564 во Ѓорче Петров бидејќи во кутијата имало 3 ливчиња повеќе од бројот на граѓаните кои излегле на гласање.

Станува збор за избирачкото место 2564, каде гласале 405 избирачи, а во кутијата имало 408 ливчиња.

Згора на тоа, од кочанот недостасувале дополнителни две.

Избирачкиот одбор на ова изборачко место е разрешен и за нив ќе биде покрената дисциплинска постапка. 

Прегласување нема да има.

SHARE

Оставете Коментар