Повикана ли е и обвинителката Лиле Стефанова на информативен разговор?

Непотврдени информации од МВР тврдат дека вечерва на информативен разговор е “прибрана” и првата соработничка на шефицата на СЈО Катица Јанева.

Искусната обвинителка Лиле Стефанова била контактирана од иследници од МВР додека била во кафуле, тврдат очевидци кои ја препознале обвинителката кога и пришле инспектори на МВР.

Неофицијално од Стефанова се бараат информации за истиот случај поради кој вечерва се вршат претреси во домот на Катица Јанева а денеска беше притворен и Бојан 13 сопственик на 1ТВ.

Засега МВР и Обвинителството не ги потврдуваат информациите за Стефанова.

SHARE