Повикувањето на новинари во МВР за Заев е нормална работа (ВИДЕО)

За премиерот Заев е многу нормална работа МВР да повикува на распит новинари, вклучително и новинарите Горан Момироски и Љупчо Златев кои што ја објавија аферата за Рашковски и МНАВ за тендерот вреден 7 милиони евра.

На денешната сесија на пратенички прашања во Собранието пратеникот Антонио Милошоски го праша премиерот Заев во врска со повикувањето на новинари во полиција за објава на индиции од укажувачи за можен криминал и злоупотреба на службена положба на владини функционери.

Премиерот на тоа одговори дека повикувањето на новинари во полициска станица заради водење на одредена истрага поврзана со објавување на снимки од неовластено снимање за него е многу нормална работа бидејќи се викнати и други инволвирани во случајот, пренесува presingtv.mk

SHARE