Повлечен учебник за петто одделение: „Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“

Министерство за образование и наука (МОН) го повлече учебникот за петто одделение по Македонски јазик од неколку причини, меѓу кои и дискриминација и стереотипи.

„Во овој учебник се констатирани дискриминирачки текстови, но и примери коишто ја засилуваат родовата нееднаквост. Утврдени се голем број пропусти и грешки, но и непочитување на македонската стандарднојазична норма“, велат од МОН.

Соопштението на МОН следи по реакциите на родителите дека во учебникот по македонски јазик од шесто одделение има несоодветна содржина, како на пример реченицата: „Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“. Учебникот по македонски јазик за петто одделение е одобрен во 2011-та година, автори се Снежана Велкова и Соња Јовановска.

Во еден текст стои:
„По некое време селанецот се скарал со жена си и дигнал секира да ја заколе, но веднаш се сетил на советот: „Кога ќе се налутиш, изброј до петнаесет, па после да го извршиш тоа што си го намислил“, гласи текстот со наслов „Три добри совети“, кој треба да ги учи учениците од шесто одделение за трпеливост. Како што пренесува „А1Он“, текстот е дел од учебникот по македонски јазик во основно образование и раскажува како еден селанец купил 3 совети за три алтани.

Учебникот првично е одобрен во 2011 година, а продолжен со одлука на Министерството за обрзование и наука во 2020 година. Рецензенти на учебникот се Гоце Цветановски, Татјана Пеливанова и Наташа Киркова.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=392855168751759&id=111454403558505