Повредената новинарка до МПЦ и НИКОБ: “Не сакавме да го украдеме крстот”

Новинарката на Канал 5 Мирјана Мирчевска Јовановиќ која денеска беше повредена по насилната интервенција на обезбедувањето за време на фрлањето на крстот на Водици во Скопје, им испрати иронична порака на одговорните за тоа што таа заврши во болница.

“Мало објаснување до МПЦ и обезбедувањето: Немав намера да го украдеме крстот. Но вие денеска украдовте и уништивте многу голема верба и покажавте силеџиство”, им порача Мирчевска на одговорните за инцидентот.

Од МПЦ за Телма велат дека тие се против секаков вид на насилство и дека мора секој да си ја извршува професионално својата работа. Во реакцијата Отец Бобан Митевски од Скопската епархија повикува на простување од двете страни.

Митевски не кажа за што треба да и биде простено на новинарката на Канал 5.

SHARE