Повторно проработи ноќниот клуб „Аватар“ во Струмица

Ноќниот клуб „Аватар“ во Струмица кој беше затворен од инспекциите поради неколку законски причини поврзани со коронавирусот повторно работи со полна пареа.

Според рекламата на социјалните мрежи таму деновиве се одржуваат концерти со музички групи.

Во рекламата на клубот не е наведено дека Аватар вовел мерки со кои се елиминира можноста од ширење на заразата со што ја повторува причината поради која еднаш доби пријава од инспекциските служби.

Толеранцијата на инспекциските служби за медиумите и јавноста се должи на блискоста на менаџментот на клубот со политички моќници.

Крие ли “Аватар” докази за делото “предизвикување општа опасност”?

SHARE