“Поздравете го вицепремиерот Османи и кажете му дека го загрозува датумот за ЕУ”

Вицепремиерот за Евроинтеграции Османи кој е политички шеф на македонската преговарачка екипа за ЕУ прави огромна штета на процесот кој што го води, тврдат дипломатски извори во Брисел кои долги години ги следат односите Македонија – ЕУ.

Со своите јавни коментари за членот на УЧК од Косово Томор Морина вицепремиерот Османи прави ненадоместлива штета по шансите Македонија да добие датум за преговори со ЕУ во октомври, тврдат изворите на expres.mk.

“Некој во власта, од медиумите, невладиниот сектор и во опозицијата мора да го предупреди Османи дека со своите признанија дека врши притисок врз правосудните институции и прави огромна штета на С.Македонија.

Прашањето за партизација и политизација, и мешањето на државата во правосудството што сега јавно го прави Османи е круцијален момент поради кој Македонија може да не добие датум за отварање на преговори.

Поздравете го Османи и кажете му дека го загрозува датумот за ЕУ”, вели евродипломатот кој ја разбира сензитивноста на прашањето за ДУИ и Османи пред своите гласачи и косовската јавност но за тоа не гледа простор за компромис во ЕУ.

Или ДУИ и сите други партии ќе заборават на мешање во работата на судството, администрацијата, медиумите и невладиниот сектор или С. Македонија ќе треба да се збогува со намерата да влезе во ЕУ наскоро, порачува дипломатот кој инсистира на анинимност.

За него нејасно зошто Османи со овој чекор го прави тоа што во Брисел му е сто пати кажано да не го прави никој во Скопје.

Предходно во неколку наврати опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Османи намерно ги кочи македонските евроинтеграции за Македонија да не оди понапред од Албанија. Вицепремиерот оштро ги демантираше овие обвинувања.

Изјавите на Османи со кои директно се меша во работата на судот и најавува позитивна судска одлука за Морина се случува една недела откако францускиот амбасадор Тимоние во интервју порача дека ако Македонија сака датум за преговори мора да ги заврши своите обврски меѓу кои кои се одвојување на партиите од државата и независно судство.

Што е проблематично во изјавите на Османи?

Османи му гарантира на Морина дека нема да биде испорачан во Србија