Пожар во ковид центар во Ниш, повеќемина полесно повредени

Три медицински сестри биле полесно повредени од пожар при ракување со боца со кислород во Ковид-цетар при Клиничкиот центар Ниш јави N1.

Полицијата потврди дека избувнал мал пожар на боца со кислород и дека бил брзо саниран. Интервенирале пожарникари и сега, велат оттаму, опасноста е отстранета.

Три медицински сестри се здобиле со полесни изгореници, а пациентот не бил повреден, потврдиле Клиничкиот центар во Ниш.

Извори од полицијата споменуваат 5 повредени.

SHARE