Грчката полиција денеска уапсила петмина мигранти осомничени дека го подметнале минатонеделниот пожар во кој е уништен најголемиот камп Морија на островот Лезбос.

Сите уапсени мигранти се државјани на Авганистан, а меѓу нив се и двајца малолетници, пренесе „Катимерини“.

Осомничените се откриени врз основа на снимка од надзорните камери и изјава на сведоци, а како што се наведува, фатено е и шесто осомничено лице.

SHARE