Непознато лице (или повеќе лица) синоќа го пресретнале Н.А. и со еден куршум во глава го ликвидирал.

Настанот се случил на улицата „Шарпланинска“ во скопската населба „Ѓорче Петров“ нешто по 22 часот, а жители сведочат дека на улицата која е неосветлена најпрво се слушнале гласови, а потоа и истрел, дознава „Инфомакс“.

Н.А. бил познат на локалното население поради неговата политичка активност, но и неговата блискост со подземјето

Пред да биде убиен Н.А., наводно се обидел да ја отвори вратата од автомобилот „Пасат“, но бил зacтpeлaн преку стаклото на возачката страна.

Во меѓувреме, во Кондово беше пријавена пpecтрeлка од автомобил „Пасат“ во движење, а според првичните информации имало и пoвpeдeни.

SHARE