Познати фаворитите за носители на изборните листи на СДСМ

Порталот магазин.мк од извори во СДСМ дознава дека веќе е почната внатрепартиската дискусија за тоа кои актуелни политичари ќе бидат на чело на листите за кандидатите за пратеници на предвремените избори во април.

Засега според порталот како сигурни носители на пратеничките листи се спомнуваат Зоран Заев за ИЕ4, како и генералниот секретар Љупчо Николовски за ИЕ3.

За другите изборни единици, ИЕ1, ИЕ2, ИЕ5 и ИЕ6, сеуште се води внатрепартиско лобирање меѓу Радмила Шеќеринска, Никола Димитров, Мухамед Зеќири, Мила Царовска и Оливер Спасовски. Конечните решенија ќе бидат познати после мерењето на рејтингот преку теренски анкети во текот на февруари.

За изборната едница 1 во игра се следниве имиња: Радмила Шеќеринска, Мила Царовска и Никола Димитров.

Кои се останатите кандидати за носители на листите на СДСМ според магазин.мк на овој линк

SHARE