Пратеничката група на ДУИ остана без еден пратеник во Собранието

Пратеничката група на ДУИ е послаба за еден пратеник во Собранието на Република Македонија.

Пратеникот Исмаил Јахоски кој беше кандидиран на листата на ДУИ во изборната единица 5 веќе не е пратеник на партијата на Али Ахмети туку стана независен пратеник.

Јахоски не фигурира на листата на пратеници од редовите на ДУИ туку под графата независни пратеници.

Исмаил Јахоски е познат на јавноста како еден од најбогатите македонски политичари.

Тој во повеќе наврати беше градоначалник на општина Пласница а е сопственик на компанијата Пуцко петрол која се споменуваше во низа милионски тендери за набавка на нафта од државни и локални институции.

Јахоски пред повеќе од еден месец се споменуваше како еден од двајцата пратеници кои што биле таргетирани од Зоран Заев како можни конвертити од ДУИ во СДСМ.

Тогаш Заев според партиски извори на Јахоски му ветувал бенефиции доколку премине во СДСМ која тогаш се обидуваше да прави влада со Алијанса за Албанците и Алтернатива.

На Јахоски тогаш му било речено дека има повеќе пратеници од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ кои би ја поддржале владата предводена од СДСМ, АА и Алтернатива.

Зошто Јахоски сега во Собранието е под графата “Независни” не објаснува ниту тој ни ДУИ но партиски извори велат дека откако тој бил “таргетира” од Заев структури во ДУИ барале Јахоски кој е значаен финансиер на кампањите на ДУИ да се повлече од Собраниската функција и да го препушти местото на друг “сигурен” пратеник на ДУИ.

Тој е еден од 62 пратеници кои кренаа рака за избор на новата влада и засега нема најава дека би ја повлекол поддршката за актуелната власт но не е јасно дали поддршката ја дава како човек на Ахмети или на Заев.

Јахоски е Турчин по националност и за него е карактеристично што на објавените фотографии во јавноста најчесто покрај македонското го поставува турското знаме без користење на албанското знаме.

Се случува ли тивка војна меѓу Мала Речица и Бихаќка

И официјално потврдено, Јахоски веќе не е пратеник на Ахмети