Пратеничката на Харадинај со слики од порно филм ја нападнала Србија

Пратеничката Фљора Бровина манипулирала и ја лажела јавноста кога пред Косовскиот парламентот прикажала фотографии од српски војници кои наводно силуваат Албанка и дете, пренесуваат косовските медиуми.

Бровина која е близок соработник на премиерот Харадинај фотографиите ги прикажа во прилог на Декларацијата со која се осудува геноцид над Албанците од страна на Србија. .

Порталот Газета Експрес пишува дека пратеничката на Демократската партија на Косово, на премиерот Харадинај, објавила фотографии симнати од порно филм.

Zbulohet vlera e Real Madridit, Man Unitedit dhe Barcelonës

Сајтот Инсајдери од Косово пак, тврди дека на фотографијата се американски војници кои веќе биле осудени за силување во Ирак, а овие фотографии веќе биле користени во доказна постапка.

На фотографијата во десниот агол горе, пишува ,,US Military crimes”, пренесуваат дел од медиумите.

Организацијата “Мрежа на косовските жени” ја осуди постапката на пратеничката, наведувајќи дека со ова ги погазила принципите на чесност и го навредила достоинството на сите силувани жени.

Потегот на Бровина го осудија и косовски жени вистински жртви на силување.

SHARE