Некои пратеници одново направиле патни трошоци од над 10 илјади евра, покажуваат податоците до кои дојде „Макфакс“ со користење на Законот за слободен пристап до информации, за првите пет месеци од годинава како и последниот месец од 2017-та година.

Бети Рабаџисека-Наумовска

Во листата на топ 20 пратеници според патните трошоци во овој период, рекордер е пратеничката на СДСМ Бети Рабаџиеска Наумовска и таа за шест месеци, од декември 2017та до мај годинава ќе добие 11.770 евра.

Мира Стојчевска од СДСМ, која високо котираше и претходно, овој пат ќе земе 10.396 евра, додека Алија Камбероски од партијата ПЕИ повторно е меѓу пратениците кои имаат повисоки суми за патни трошоци, со 10.355 евра.

За само половина година, пратеничката на СДСМ, Анета Симеска – Димоска ќе добие 8.359 евра, нејзините колеги од партијата, Хари Локвенец и Милева Ѓорѓиева, ќе земат над 7 илјади евра, Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците 7.962 евра и Агим Шаќири од ДУИ ќе земе 7.600 евра – објави Макфакс.