Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ одбиле мистериозни “емисари” на СДСМ

Мистериозни лица кои се повикуваат на авторитети во СДСМ им пристапиле со непристојни понуди на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ но биле веднаш одбиени.

Ова го објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по завршувањето на конститутивната седница на Собранието на која беше поканет како гостин.

Мицкоски рече дека неговата партија се фокусира на преговори за формирање ново парламентарно мнозинство, што ќе значи и нова Влада и не ја исклучи можноста дел од пратениците од коалицијата на СДСМ да ја поддржатнеговата партија.

Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ во периодот што следи не исклучува да формира парламентарно мнозинство изградено врз политичка филозофија, а не политички пазар.

„Влада која ќе биде фокусирана на справување со вистинските проблеми, пред сѐ пандемијата предизвикана од ковид-19 и справување со последиците од неа и справување со економската криза која е на повидок и сите ја чувствуваме како граѓани“, изјави Мицкоски.

„Што и да се случи во преговорите што ќе ги води ВМРО-ДПМНЕ во следните денови и кои ги водеше, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе бидат дел од овој парламентарен состав ќе бидат фокусирани исклучиво на предлози кои ќе значат вистинска борба против корупцијата и криминалот. Ќе зборуваме гласно во новата влада која се надеваме дека ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ и веднаш со интензивни мерки ќе се справиме со овие предизвици кои навистина ги мачат нашите граѓани“, изјави тој.

Мицкоски очекува во следните денови ВМРО-ДПМНЕ да се обиде да обезбеди мнозниство во Собранието кое во иднина ќе поддржи “реформска влада која на брза лента ќе ја однесе Македонија пред рамноправно членство во ЕУ“.

Одговарајќи на новинарски прашања Мицкоски рече дека за него политиката не е пазар и тоа е погрешното што се случувало во минатиот парламентарен состав, туку е филозофија, а за некој пратеник да поддржи одредена политичка опција, треба да има определна точка која ќе го поврзе со програмата што ја нуди таа политичка опција.

„Врз основа на разговорите и на луѓето во кои бескрајно верувам и се дел од пратеничката група ‘За обнова на Македонија‘, не сметам дека постои некој што ќе ја поддржи програмата на Заев, која би била програма за работа на идна влада предводена од СДСМ“, рече Мицкоски.

Исклучува насилно и со уцени преземање на пратеници како во претходниот парламентарен состав.

„Да оставиме времето да покаже кој ќе го формира парламентарното мнозинство. Да, на оние пратеници на кои им се пристапени мистериозни личности кои се повикуваат на раководството на СДСМ, пријдоа, кажаа и со згрозување ги одбија. И јас со згрозување одбивам да коментирам ваков вид пазар зашто на тој начин само ги демотивираме и деморализираме нашите сограѓани за следните избори кои на една година од сега ќе бидат локални. Верувам во политичка мудрост, политичка програма и политичка филозифија, а не на пазар како што се случуваше во претходниот парламентарен состав“, рече Мицкоски.

Мицкоски со Заев единствено се согласува за формирање стабилна, реформски ориентирана влада, без коруптивни афери, во која ќе партиципираат луѓе необременти со коруптивни афери и криминал, која ќе ги спроведе реформите и на која притоа приоритет ќе и бидат судтсвото, здравството и образованието.

SHARE