Над 525 илјади евра биле исплатени за патни трошоци на пратениците во Собранието минатата година, покажува анализата на „Макфакс“.

До мај минатата година, рекордер во висина на патни трошоци беше Бети Рабаџиевска од СДСМ од Ресен, со потрошени 11.700 евра, а веднаш зад неа Мира Стојчевска од СДСМ од Делчево со 10.396 евра и Алија Камбероски од партијата ПЕИ од Струга со 10.355 евра потрошени за патни трошоци.

Во втората половина од 2018 на врвот на листата повторно е Камбероски со 8.356 евра, потоа Рабаџиевска со 7.728 евра, Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ од Битола со 7.680 и Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ од Берово со потрошени 7.121 евра.

На годишно ниво, рекордери се Рабаџиевска, Стојчевска и Камбероски, открива „Макфакс“.

SHARE