Пратеник и бивш советник на Заев тврди дека 9 академици на МАНУ лажат

Пратеникот на владеачката Коалиција Рубин Земон тврди дека во писмото на девет членови на МАНУ до властите и јавноста има неточни работи и жали што меѓу нив нема никој стручен да им каже дека ставовите на академиците не се научно издржани.

Земон реагира конкретно на оваа реченица од текстот на групата академици кои ги навредува дека немаат увид во науката надвор од Балканот.

“Секој етно-културен идентитет се развива историски и се легитимира со државни институции.”

“Пред некој ден на ФБ прашав дали некои наши научници, академици си ги провериле своите знаења северно и западно од Дунав и Сава?! По ова што го потпишале уште повеќе го зголемува моето сомневање. Патем, меѓу потпишаните не гледам етнолог, социолог, антрополог, психолог или некоја слична наука, што за предмет на истражување ги имаат идентитеските прашања, за да им каже барем дека горецитираното не е точно и е научно неиздржано”, пишува Земон без прецизно да наведе што е погрешно во реченицата.

Земон пред да стане пратеник од партијата ПОЕН беше посебен советник за развој на мултикултурно општество на премиерот Зоран Заев.

Тој е претседател на сојузот на балкански Египќани а широката јавност запозна откако го прогласи еден од најдобрите македонски ракометари Стојанче Стоилов за ментално нестабилен.

Писмото на академиците

Девет членови на МАНУ проговорија за штетните договори, останатите молчат (ПИСМО)

Кои академици не се потпишаа на писмото

Срамниот молк на академиците – зошто не се потпишаа Маџунков, Попов, Ѓоргиев, Боев…

SHARE