Пратеник од власта не гласаше за 33 милиони евра за Макпетрол (ВИДЕО)

Пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски е единствениот од присутните пратеници од владината коалиција кој вчера не гласал за законот со кој Макпетрол доби 33 милиони евра од владата за уделот во гасоводот ГАМА.

Дали Јахоски не гласал поради противењето на јавноста за законското решение или пак поради други причини не откриваат ниту тој ниту од ДУИ.

Јахоски е сопственик на компанијата Пуцко Петрол која е ривал на Макпетрол на енергетскиот пазар и добива голем број државни тендери.