Далибор Богдановски, пратеник на СДСМ, на својот профил на Фејсбук се пофали дека го донеле Законот за управување со отпад, а самиот тој не гласал?!

„✅Само што го донесовме и Законот за управување со отпад❗️
✅Со закон забранивме увоз на отпад во нашата држава, затоа што е многу значајно и за нас, но и за идните генерации да живееме во здрава и чиста животна средина❗️
#НаПравПат✊“, објави Богдановски.

Твитер-акаунтот „Животен советник“ (@svadba11) на ова реагира со листингот од гласањето и со коментар: „Не придонел, а се фали. Кое лицемерие“.

SHARE