Пратеник се сомнева дека автобуската несреќа била нарачана!?

Пратеникот Рубин Земон се сомнева дека трагичната несреќа што се случи вчера кај Карпалак и во која животот го загубија 15 лица, е нарачана од странство.

Пратеникот и екс советник за мултикултура на премиерот Заев, цитира странци кои што како една од опцииите за сообраќајната несреќа споменуваат акција на странски фактор.

Во своето неверојатно и политички мотивирано тврдење лидерот на партијата ПОЕН која е член на владината коалиција изрекува несериозно сценарио кое според прелиминарната истрага нема никаква основа.

Земон како во времето на комунизмот истовремено бара да се биде буден и претпазлив и промовира недоверба и поделби во јавноста иако за тоа нема никаков аргумент.

Земон на „Фејсбук“ пишува дека такво предупредување добил од негови пријатели од странство..

Универзитетскиот професор Рубин Земон во јавноста стана познат откако ракометарот Стојанче Стоилов го нарече ментално неспособен.