Правда демантира: Груевски не е уапсен

Нема потврда дека поранешниот премиер Никола Груевски, бил уапсен во Унгарија каде од лани има азил.

Македонското Министерство за првда ја демантира „веста“ објавена на ТВ Српски колектив – национална јутјуб телевизија, која се повикува на информација на претседателот на Републиканската партија на Србија Никола Сандуловиќ.

Во Министерството за правда подготвуваат демант на информацијата која утрово доби на гласност, по реакцијата на ФРОДЕМ, од каде поставија прашање дали е вистина дека Груевски е уапсен во Унгарија и ако е тоа точно, тогаш зошто министерката Рената Тренеска Дескоска не побарала негова екстрадиција.

По бегството од земјата минатата година Груевски, бешпе поднесено барање за екстрадиција, но одговорот на унгарските власти беше дека не се исполнети условите за екстрадиција за поранешниот премиер кој претходно доби политички азил во Унгарија.

SHARE